Не вртете лево од гаражите во „Сити мол” – фрчат казни за минување полна лента


По десетици казни фрчат дневно поради вртење лево на булеварот МА­НА­ПО, за излез од катната гаража на трговскиот центар “Сити мол”, пишува Вест.

sity mallОт­ка­ко Град Скопје пред една година улицата ја прошири во булевар, гра­ѓа­ни­те што излегуваат од катната гаража, не можат да свртат лево за да се прик­лу­чат на булеварот Илинден. Мораат да кружат преку булеварот Пар­ти­зан­ски одреди за да стигнат до него.

За да го избегнат вртењето, но и метежот кој се создава кај последната ста­ни­ца на автобуската линија 19, дел од граѓаните, спротивно на со­об­ра­ќај­ни­те правила, вртат лево. Казната за овој прекршок е 25 евра или 15 не­га­тив­ни бодови. Од Град Скопје велат дека не можат да го изменат сообраќајниот режим ту­ку тоа може да го стори сообраќајната полиција од Министерството за внат­реш­ни работи.

„Со­об­ра­ќај­ни­те режими се утврдуваат и се потврдуваат од сообраќајната по­ли­ци­ја при Министерството за внатрешни работи. Досега до Градот Скоп­је не е пристигната конкретна иницијатива и барање за воведување не­ка­ков посебен режим”, велат од Град Скопје.
Од МВР, пак, велат дека сообраќајниот режим го прават службите за со­об­ра­ќај на Град Скопје, а кај нив само се одобрува.

„Ако стигне таков проект од Град Скопје, ќе го разгледаме. Колку точно каз­ни има на овој дел, не можам да кажам, оти ние не водиме посебна еви­ден­ци­ја на секоја улица”, велат од СВР Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1