Не заборавајте да ги поместите стрелките: Во недела се менува времето


Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред во недела во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето.

Во недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.letno-smetanje-na-vremeto saat casovnik

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно прв пат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.

Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето прв пат е воведено на 27 март 1983 година.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1