Алфред Мокоена од Јужна Африка, некогашен професор не знаејќи дека Нонхланла му е родена ќерка, пред четири години ја завел својата 16-годишна ученичка која недолго потоа на свет му донела син, односно внук.
Нонхланла Нксумало (20) им потврдила на локалните медиуми дека таа и Мокоена тогаш немале поим дека се татко и ќерка, па за крвното сродство дознале дури откако стигнале резултати од тестот за татковство кој тој го побарал.
Поради страв за неговата репутација, тој некое време одбивал да признае дека имал сексуални односи со девојката, па дури и му се заканувал со смрт на новинарот кој ја истражувал приказната.
„Му се извинувам на новинарот што постапив така. Во тоа време бев многу збунет и не сакав луѓето да дознаат за моите срамни постапки. Се извинувам и затоа што ја игнорирав сопствената ќерка сиве овие години иако знаев дека живее недалеку од мене и дека го гледа моето дете. Ја искористив, ја искористив нејзината младост и фактот дека ме почитуваше како професор.“
Нонхланла Нксумало нагласила дека веројатно би се скршила ако мајка ѝ и нејзиниот очув не ѝ пружеле поддршка и додала дека долго време живеела во страв дека нејзиното дете ќе биде хендикепирано.
-Сега има четири години, нормално оди и зборува, па сум уверена дека со него се` е во ред. Но, навистина немам поим како ќе му објаснам еден ден дека неговиот татко воедно му е и дедо, објаснила девојката.