Неделава топло со натпросечни температури


Во текот на оваа работна недела се очекува температура која што ќе биде над просекот за овој дел од годината. Во однос на типот на времето кој што се очекува нема потреба од многу зборови, едноставно претежно сончево и сосема малку ветровито е доволен опис на очекуваната состојба, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Метеопро.мк

mk skopje vodno sonce22

Температурата ќе бележи пораст од ден на ден. Во вторник максималната температура ќе има вредности околу 31°С во повардарскиот регион и низините во источниот крај, до 30°С во Пелагонија и околу 28°С во охридско-преспанскиот крај.

Се до петок се очекува пораст на температурата во просек за околу 2°С на ден, па во петок веќе би требало да ја надминеме „границата“ од 35°С во делови од повардарието, а во останатите низини низ земјава се очекува максимална температура помеѓу 30°С и 35°С.

Треба да се напомене дека овој топлотен бран нема да биде„силен“ како оној на почетокот од месецов и дека нема веројатност за нови септемвриски температурни рекорди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1