Неделна анализа – грч ладни утра од -15°C – во вторник снег


Во Македонија студено утро со ниски утрински температури кои ке се движат од -13°C до -4°C, а во текот на денот ке биде претежно сончево, ветровито и студено.

Ке дува засилен северен  и северозападен ветар. Максималните дневни температури ке достигнат до -2°C односно до 5°C.

Во Скопје во понеделник ке биде претежно сончево, студено и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од -7°C, а максималната дневна температура ке достигне до 2°C.

Во вторник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од снег. Се очекуваат поинтензивни врнежи од снег. Ке дува засилен северен и северозападенветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен. Утринските температури ке се движат од -11°C до -2°C, а максималните дневни температури ке се движат  од -2°C до 5°C.

Од среда се очекува стабилизација на времето, односно ке биде претежно сончево со локална облачност и студено. Во утринските часови ке има појава на мраз. Ке дува засилен северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Понекаде ветерот ке достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ке се движат од -12°C до -3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до -2°C односно до 5°C.

Во четврток во утринските часови ке има појава на мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево и студено. Ке дува слаб ветар со променлив правец. Утринските температури од -15°C до -6°C, а максималните дневни температури ке се движат од -2°C до 5°C.

Ледено утро не очекува и во петок кога ке има појава на мраз а утринските температури ке се движат од -15°C до -6°C. Во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност. Ке дува слаб ветар со променлив правец. Максималните дневни температури ке достигнат до 0°C односно до7°C.

Од сабота следува дестабилизација на времето но и пораст на температурите. Па така ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег ке има на ридско-планинските предели и на планините. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринските температури ке бидат во пораст и ке се движат од  -9°C до 0°C, а максималните дневни температури ке се движат од 1°C до 7°C.

Во недела во Македонијаке биде облачно со врнежи од дожд и потопло. На ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег. Ке дува слаб југоисточен ветар. Утринските температури ке се движат од -6°C до 3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 3°C односно до 9°C.

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1