НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА: За Велигден дожд


Во среда не очекуваат пониски температури. Разведрувањето ќе донесе посвежо време па утринските температури ќе се спуштат до 1 степен а максималните дневни нема да надминат 12 степени. Таквото време ќе се задржи и во четврток и петок, додека за викендот се очекува наоблачување и температури до 15 степени но не се очекува дожд.

Screenshot_74

Од почетокот на наредната недела повторно се најавуваат негативни утрински температури и наоблачување кое ќе донесе врнежи за време на велигденските празници.

Еве какво ќе е времето ден по ден

Утрото во среда ќе биде посвежо во однос на вторник, но повторно на пониските места минималната ќе биде во „позитива“ и ќе има вредност од 2°С до 6°С.

Се очекува максималната температура во котлините од северниот дел да има вредност помеѓу 11°С и 14°С, додека во јужниот дел од Повардарие таа ќе има вредност во дијапазонот од 18°С до 20°С.

Овој ден ќе помине со умерена облачност и сончеви периоди, но не се исклучува можноста локално во северната половина од земјата на кратко да заврне слаб дожд. Меѓу другото, овој ден ќе биде и малку ветровит. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Четврток ќе го продолжи трендот на пад на температурата. Во однос на среда максималната температура овој ден ќе биде за околу 2°С пониска. Истата низ земјава ќе има вердност околу 12°С во поголем дел од котлините, освен во околината на Гевгелискиот и Демиркапискиот регион, каде таа ќе им вредност околу 14°С.

Денот ќе донесе умерена облачност, но со сончеви периодо. Условите за дожд ќе бидат минимални.

Петок ќе започне со релативно свежо утро. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С, а во одделни котлини таа ќе се спушти за „нијанса“ под 0°С, сепак во границите на т.н. „слаб мраз“.

Денот ќе биде за околу 2°С потопол во однос на четврток. Се очекуваат подолги сончеви периоди и мала до умерена облачност.

метеопро.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1