Неговиот дедо требало да умре, но „духот“ на една жена му го продолжи животот


На болниот Боб Ларг (76) од Чешире лекарите му рекле дека ракот на бешиката и затајувањето на бубрегот се фатални и му преостануваат неколку дена живот, пишува Мирор. Додека тој лежел во болничкиот кревет, направена е фотографија на која се појавил „Духот“ на жена.

ghostmiracle

За време на посетата на болницата на неговиот вннук Крис, направил фотографија од моментот за кој мислел дека ќе биде последен во животот на неговиот дедо. Меѓутоа на фотографијата се појавил „ангел чувар“ кој стоел над болниот маж.

Боб е сигурен дека чудото од фотографијата е одговорно за неговото оздравување. Внукот Крис ја покажал фотографијата на персоналот во болницата а тие рекле дека ја препознаваат и оти многу од пациентите ја гледаат покрај своите болнички кревети.

Инаку Боб не само што чудесно оздрави, туку е и пуштен од болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1