Карен со години го барала маж ѝ и конечно го нашла по девет години, откако исчезнал од нивниот дом. Тогаш открила дека оженил друга жена
„Не можев да сфатам како повторно се оженил. Што направил со мојот идентитет”, вели Карен.
Сепак, тоа не му било првпат на Адам да остави жена со која е во брак, ниту пак му било прв пат да ја напушти Карен. Имено, тие двајца се запознале додека тој бил оженет.
„Ми зборуваше дека ќе се разведе од неа затоа што сака да биде со мене и сака да имаме деца”, изјавила Карен.
После некое време Адам навистина се развел и после само една година се венчал со неа на Денот на вљубените. Сепак после извесен период поминат во брак, тој ја оставил и и напишал писмо.
„Кога прв пат ме остави, се чувствував како некој да ми го извадил срцето. После само неколку недели се врати и пак продолживме каде што застанавме. Поминаа две години и пак го снема. Ме остави во долгови и сама”, раскажува несреќната жена.
После тоа за него немала слушнато цели девет години, се додека не го сретнала случајно на паркинг. Тогаш му пришла и го замолила да и даде развод.
„После 9 години го видов случајно на паркинг. Му реков да ми даде развод, а тој ми кажа дека ќе ме побара. Нормално, тоа не се случи. После само неколку дена од нашата средба дознав дека е оженет и се шокирав”, вели во својата исповед Карен.
Таа решила да го тужи Адам за измама и во моментов се на суд. Откако ќе заврши судењето Карен планира да се разведе од него и да се омажи за момчето со кое е неколку години во врска.