Саманта Роуз Играфиа (25) од Америка страда од еритромелалгија која вклучува појава на боно црвенило на кожата, односно запалување на крвните садови, обично во долните екстремитети или рацете поради што не може нормално да живее.
Нејзиното тело реагира на секоја поголема промена на температурата поради што за време на секој напад таа има чувство како да гори одвнатре.
-Оваа болест односно синдром влијае на мојот нормален живот. Сè трае толку долго и чувствувам дека постојано горам. Буквално ова е пекол на земјата, вели Саманта.
Оваа болест таа ја наследила од нејзиниот татко, а состојбата значително и се влошила во последните девет години кога и докторите конечно сфатиле од што боледува.