Некогаш Мис на СФРЈ, денес сопруга на шеик


Поранешната Mис на Југославија Јелена бин Драи (35) денес води пет исклучително успешни работи во Дубаи, меѓу кои и хуманитарна фондација. Како што вели, нејзиниот сопруг арапскиот милионер шеикот Саид и е најголема поддршка. Уверена дека таа е единствената кој му го исполнува срцето, без оглед на тоа што според нивниот закон тој би можел да има и повеќе жени.

jelena-jakovljevic

– Среќна сум што го имам него кој повеќе од една деценија поддржува се што јас сакам и се она што ме прави среќна, а тоа, помеѓу останатото, е хуманитарното работење. Никогаш не ми рекол „не“ кога му сум му барала пари. Како и Арапите воопшто – рекла смеејќи се Јелена за „Блиц“.

За својата хуманитарна работа е скромна во изјавите. Вели, дека оној кој дава не треба со тоа да се фали. Се што прави, прави од срце и во тишина.jelena-said-bin-drai-hello_259_02_595

– Јас не правам разлика помеѓу Србија или која било друга земја. Моите деца потекнуваат од мешовит брак, од мајка христијанка и татко муслиман, така што за мене во таа смисла не постои никаква граница што се однесува до верата, религијата, културата, бојата на кожата, националноста. Во 2015 година планирам уште подобро да се организираме кога се во прашање хуманитарните акции – вели Јелена.

jelena-jakovljevic-bin-drai

Имено, Јелена пред 13 години се отселила во Дубаи каде се вљубила во Саид бин Драи, синот на некогашниот министер за протокол. Заедно имаат три деца, ќерката Асја и синовите Хамдан и Хилал.

Пред неколку месеци во интервјуто за српски „Хело“, Јелена коментирала дека и покрај сите тие години од животот во Емиратите и недостасува родната Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1