Некогаш симбол за невидена раскош – денес изгледа вака – Синиот воз на Тито (Фото)


Синиот воз“ некогаш ги возеше кралевите и светските лидери, а сега е подготвен за туристите од целиот свет кои сакаат да научат нешто повеќе за земјите од поранешна Југославија.

plavi-voz-8Железницата на Србија во летната сезона од превозот на туристите од Велика Британија со Синиот воз на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, може да заработи меѓу 40 и 50.000 евра

Директорот на железницата Драгољуб Симоновиќ на Семот за туризам во Белград изјавил дека годинава ќе набави од 50 до 100 половни вагони за патнички сообраќај, кои ќе сообраќаат на пругата Белград-Бар.

Железницата на Србија потпишала договор со со компанијата  Експлор Монтенегро, преку која туристите од Велика Британија ќе се вози со композицијата на Синиот воз на Тито. Веќе се договорени пет тури за ова лето со кое ќе бидат превезени 300 британски туристи.

Просечната тура трае меѓу шест и осум дена во Србија и Црна Гора и чини околу 1.300 фунти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1