Дал отказ и сменил професија за да најде лек за болниот син!


Илан Ганот бил директор на фонд на американската банка ЈП Морган Чејс, кога неговиот две годишен син тешко се разболел

otkaz za sinotГанот дал отказ во банката, а своите врски и искуство во светот на финансиите ги искористил за да основа биотехнолошка фирма, кога во трката со времето се обидува да најде лек кој ќе го спаси животот на неговиот син Ејтан, но и на голем број други деца.

Кога пред една година, Ејтан се разболел од смртоносната Дишенова мускулна дистрофија (ДМД), таткото Илан, од Лондон со семејството се преселил во Бостон, каде собрал 17 милиони долари и ја основал компанијата за биотехнички истражувања.

Во текот на наредната деценија, проектот би требало да обезбеди поголем број конкретни лекови, а се планира и соработка со големите фармацевтски компании, посебно во подоцнежните фази за развој на лекот.

-Ќе успеам ли да го спасам својот син? Не знам, но ќе се обидам се што е во моја моќ. Во секој случај, ќе ја сменам иднината за сите останати деца болни од ДМД, вели Ганот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1