Некогашната „Железарница“ го труе пола Скопје


Половина Скопје не може да дише од загадувањата на индустриските капацитети лоцирани во некогашната скопска „Железарница“. Шест скопски населби од три различни општини се секојдневно загрозени од отровните емисии во воздухот од фабричките оџаци. Жители на Железара, Автокоманда, Гази Баба, Бутел, Чаир, Скопје Север, но и од цело Скопје затоа што тоа во воздушна површина не е голем простор, се жалат дека секојдневно се соочуваат со загаден воздух и црна прашина во домовите, особено во утринските часови. Оџаците на фабриките најагресивно чадат ноќе, преку викенд или на празници, се жалат граѓаните. Тогаш не се отвораат прозорците, а се избегнува и излегувањето надвор. Воздухот е полн со прашина, а понекогаш мириса и на сулфур и хемикалии, пишува Утрински.

zelezaraСпоред податоците од набљудувачките станици на Министерството за животна средина, на мерното место во општината Гази Баба во 130 денови од годината се надминати граничните дозволени вредности на загадувањето со отровни честички.

„Не помага и секојдневно да чистиме. Прозорците, ролетните, терасите секое утро се покриени со дебел слој од црвеникава прашина. Не помагаат ниту врати, ниту прозорци, прашината влегува и дома, ја дишеме сите, а најмногу проблеми имаат децата“, вели Марица Павловска, жител на населбата Бутел. Таа вели дека наутро е најлесно да се видат црвените облаци со пепел над населбите, кои се шират во околината над куќите.

„Макстил“ е една од двете металуршки компании, која според министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, досега многу малку се грижи за исполнување на еколошките стандарди и веројатно нема да можат да се усогласат со оперативните планови за добивање А-интегрирани еколошки дозволи до април идната година. „Макстил“, заедно со „Скопски легури“, „Југохром“, „Фени“, „Арчелор Митал“ и „Балкан енерџи груп“ се компаниите кои од Министерството бараа да им се одложат обврските за еколошки инвестиции, но Владата ги одби нивните барања.

Повеќе на – Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1