aerodromСпоред информациите од СВР Скопје сообраќајката се случила во 15.30 меѓу три возила – пежо со кумановски регистерски таблички и два скопски голфа. Повредените се однесени со возило на Итна помош во Ургентниот центар.

Оттаму за Канал 5 потврдија дека попладнево  кај нив се донесени 4 повредени лица на кои во моментов им се прават испитувања и не можат да се кажат повеќе детали за нивната состојба.

Се дознава дека меѓу нив била една жена која поради болки во градите итно е пренесена на кардиологија.