Бетонската плоча која се откачила од фасадата падна на патеката каде има голема фреквенција на луѓе, но понекогаш на тоа место има масички од кафе барот што се наоѓа веднаш до судот, пишува Точка.
Голема среќа е велат од судот, што бетонската плоча тешка околу 10 килограми, паднала додека на патеката немало никој. Откако плочата треснала на патеката, вработените во судот ги фатило паника и персоналот веднаш го алармирало и обезбедувањето.
Кој ќе понесе одговорност за овој немил настан засега останува да дознаеме.