Некој од исчезнатиот авион испратил чуден сигнал


Информацијата дека од исчезнатиот малезиски авион бил испратен необјаснет сигнал е последната од низата мистерии кои се плетат околу оваа несреќа

pilot33Исчезнатиот малезиски авион испратил уште еден необјаснет сигнал осум минути по неговиот последен пинг”, јавува “Телеграф”, а тоа, веројатно, било последица од влегувањето на авионот во “фазата на катастрофа” додека паѓал во Индискиот Океан, тврдат истражителите. Оваа информација е уште една од низата мистерии поврзани со летот “МХ 370”, кој летал седум часа пред да исчезне од радарите. Малезиската власт тврди дека авионот се обидел да воспостави уште еден сателитски контакт по последниот вообичаен контакт.

“Постои доказ за делумно “ракување” меѓу авионот и станицата во 00.19 часот. Овој пренос засега не можеме да го разбереме и го истражуваме”, изјави Хишамудин Хусеин, малезиски министер за сообраќај.

Стручњакот за воена електроника Томас Витингтон за “Телеграф” вели дека сево ова изгледа како авионот да започнал да испраќа порака, но потоа, поради некоја причина, тоа било сопрено.

“Можеби тоа се случило затоа што авионот бил во катастрофалната фаза на летот, нешто предизвикало уривање или можеби имало пречки во атмосферата” вели Витингтон и заклучува дека е неопходно да се пронајде црната кутија за да се дојде до одговорите дали некој член на екипажот испратил сигнал, дали имало неправилности во работата или нешто сосема трето.
Сепак, според “Телеграф”, црната кутија од авионот можеби никогаш нема да биде пронајдена, а доколку биде пронајдена, прашање е дали ќе може да ги понуди бараните одговори, оти постои можност клучните моменти од летот да се избришани.

Инаку, вчера тајландски сателит регистрирал околу 300 остатоци во зоната за пребарување во Индискиот Океан, крај австралискиот град Перт, соопшти тајландската Агенција за развој на геоинформативни и вселенски технологии. Потрагата по авионот продолжува, иако поради лошите временски услови, одвреме-навреме привремено се прекинува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1