Радмила Шекеринска сака да биде премиер?!


Наместо за претседателските избори во СДСМ главниот фокус е насочен кон прашањето кој да биде кандидат за премиер во кампањата за предвремените парламентарни избори, дознава “Република” од партиски извори.

sekerinska zaevТаквите разговори биле водени во непријатна атмосфера особено што раководството е притиснато од анкетите кои покажуваат драстично помала доверба во споредба со владејачката ВМРО-ДПМНЕ така што главната цел била да се извојува загуба на изборите со што помала разлика. Најжешкиот костен била токму дилемата кој да истрча за премиер. Такви амбиции покажале двајцата клучни луѓе во СДСМ, Радмила Шекеринска и Зоран Заев.

Внатрепартиските анализи покажале дека рејтинзите и на двајцата политичари се ниски, особено по аферите кои се обелоденија во последниот период, онаа за скапите кирии кои сопругот на Шекеринска ги добиваше и си ги исплаќаше сам на себе за куќа која е во негова лична сопственост со што се покрена дебата за тоа како може Шекеринска да е средна класа со над 5 илјади евра месечно кои ги добива за кирија, но проценката е дека аферата со СМС-пораките кои Заев ги испраќал до Тачи има поголем негативен ефект и поголемо негативно влијание кое се одразило врз неговиот рејтинг.

По неколкудневни натегања, одлуката сепак паднала кандидат за премиер да биде Радмила Шекеринска, која според размислувањата е при крајот на својата политичка кариера и сепак поповолно би било да ја заврши како кандидат за премиер на СДСМ.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1