Неколку минути после силувањето ја објавила својата потресна приказна на Инстаграм


Активистката Амбер Амоур (27) од Њујорк, тврди дека била силувана во текот на посетата на Јужноафриканската Република, а само неколку минути после овој страшен настан, таа ја опишала оваа случка на својот Инстаграм профил.

Амбер била силувана во текот на едукациската кампања „Стоп на силувањето“ во Кејп Таун.amur

Откако два дена била болна, таа отишла до хостелот во кој претходно престојувала за да му остави порака на својот пријател Ник. Таму бил и некој друг маж, Шакир, кој сакал да биде со неа. Еднаш ја бакнал, но бил многу пијан и таа му рекла дека сега не е вистинскиот момент. Кога тргнала на катот за да го поздрави својот пријател Клајден од Америка, Шакир ја следел и ја повикал да му се придружи во туш кабината.

Амоур тврди дека се согласила на заедничко туширање само затоа што два дена била болна и се што сакале е само топло туширање, но кога влегла тој ја присилил да клекне.

-Му реков да престане, но тој стана уште понасилен. Уште еднаш му реков да престане, а потоа почнав да плачам, напиша Амоур.amur1

Тврди дека Шакир ја силувал, а од шокот се онесвестила. После неколку минути дошла до свест, а кога тоа Шакир го забележал, се вратил и продолжил да ја силува.

Прв пат започнала со кампањата откако била силувана во Њујорк 2014 година, за да им пружи поддршка на останатите жртви на силувањето.

-Знаев дека тоа не можам да го сокријам, јас сум таа која ги наговорува другите жртви да проговорат…Знаев дека мора да го направам тоа за што цело време зборуваме, па се фотографирав и објавив што ми се случи. Беше интуитивно. Се уште сум во тоалетот, на местото на злосторството. Не ни станав, само напишав статус. Сакав да пренесам дека без оглед на се, никој не заслужува силување. Имаше детали кои можев да ги изоставам, но знаев дека мора да ја раскажам целата приказна доколку сакам да креирам култура на свест“, напишала Амоур.amur3

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1