Нелсон Мандела го тужат ќерките поради богатството


Ќерките на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела го тужат својот татко за поголеми права при контрола на неговите пари и уметнички дела.

nelson mendelaМакзиве и Зенани Мандела од 2004 година се борат против судска наредба која на Нелсон Мандела му дава право да му нареди на својот тогашен адвокат Исмаил Ајоб да престане да упавува со неговите финансии. Ајоб сега е адвокат на ќерките на Мандела, јавууваат западните агенции. Тужбата што е поднесена минатата недела во Јоханесбург услади откако сестрите минатиот месец барале од судот да смени двајца повереници и директори на фондот на нивниот татко „Mandela Trust“.

Адвокатот на Мандела, Бејли Чуен изјави дека проблемите започнале во 2011 година кога извршителите на доверителниот фонд на Мандела одбиле да им дадат пари на неговите ќерки.

„Јасно е дека Маказиве, Зенани и Ајоб сакаат да се сменат сите доверители од функцијата за да имаат целосна контрола врз фондот “, изјави Чуен.

Ereporter

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1