Нема да има БОЖИЌ во Брунеи – Султанот забрани да се слави


Божик годинава во султанатот Брунеи е потажен од било кога порано, откако, според актуелните шеријатски закони, во оваа богата со нафта монархија во југоисточна Азија се забрани празничното одбележување на Рождеството Христово , пренесоа француските медиуми.

Богатиот султан Хасанал Болкија, еден од најбогатите луѓе во светот, минатата година го најави постепеното воведување на исламскиот закон (шеријат), што предвидува тешки казни за прекршителите, како убивање со каменување или сечење на рацете и нозете, пренесува БТА.zabrana-brunei

Овој месец властите во земјата во која живее 430.000 население, од кои две третини се муслимани, предупредија дека празнувањето на Божик е строго забрането, тврдејќи дека украсите се закана за застранување на муслиманитите од вистинскиот пат.

Прекршителите на шеријатот подлежат на сурови казни, кои достигнуваат и до пет години затвор, а жителите оценуваат дека годинава законот се применува построго.

Властите побараа фирмите, што ставиле празнични украси, да ги отстранат.

Во главниот град Бандар Сери Бегаван се извршуваат многубројни проверки. Во популарните хотели, во кои отседнуваат западни туристи, годинава нема празнични венци, ниту божикни елки, лампиони и светилки.

– И сето тоа само затоа што така сака султанот. Во 2013 година многу муслимани и христијани се радуваа на празникот во нивните домови и сето тоа беше во ред, телефонски изјави  христијански имигрант во земјата.

Повеќето жители се плашат отворено да дадат коментар за забраната, стравувајќи од санкции, и принудени се да и се потчинат. Некои, меѓутоа, сепак се осмелија на социјалните мрежи да објават фотографии од божикните свечености во нивните домови.

Муслиманите во Брунеи ја критикуваа антибожикната офанзива на властите:

– Оваа забрана е смешна. Таа на исламот му создава имиџ дека не го почитува правото на другите религии да ги одбележуваат празниците на нивната вера, изјави муслиманка која посака анонимност. „Исламот не учи да се почитуваме едни со други и мислам дека тоа почнува од другите религии, иако забраната во случајов се однесува за украсите“, дополни таа.

– Во ерата на глобализација многу земји се обидуваат да ги обединет различите луѓе и религии, но тука не е така. Тука христијаните се изолирани од доминантно муслиманската заедница, одбележа анонимен странец од католичката вероисповед

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1