На местото на папокот многу лесно се лепат потта и нечистотијата, но направена студија покажала дека се на ова место се собираат работи кои што воопшто не сте ни помислиле дека би можеле да ги имате.
Американските научници откриле 57 различни бактерии, а до резултатите дошле по анализите земени со брис на 66 мажи и жени. По анализите резултатите се објавени на интернет за заинтересираните да можат да ги видат.
„Тоа беше забавен начин да допреме до јавноста и да научиме нешто ново за еволуцијата во секојдневниот живот“, изјавил основачот на студијата од Универзитетот во Северна Каролина Роб Ден.
Папокот е помалку изложен на нечистотија, но и помалку се чиси од останатите делови од телото. Откако научниците земале ДНК од испитаниците, заклучиле дека во него може да се најдат 2368 врсти на бактерии.
Бројноста е различна, а само осум бактерии се наоѓаат во секого од нас.
Научниците велат дека истражувањето ги надминало нивните очекувања во бројот на бактерии кои се наоѓаат на овој дел од телото и наведуваат дека некои од нив имаат позитивна улога како на пример во спречувањето создавање ба габите.