Нема договор помеѓу Белград и Приштина


Договор во Брисел не е постигнат, јавија после полноќ српските медиуми.

taci-eston-dacicПосле целодневните разговори на делегациите на Белград и Приштина со посредство на високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон договор не е постигнат, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тој истакна дека во моментот нема договор во дијалогот со Приштина и дека остануваат разликите во ставовите кога станува збор за надлежностите на српските општини врз полицијата и правосудството.

„И покрај овие долги состаноци кои ги имавме повеќе пати, ние во моментот немаме договор. Имаме уште некое време да дојдеме до решение и да го сумираме впечатоците после овие долги разговори“, им изјавил Дачиќ на новинарите во Брисел и додал дека српската делегација била единствена, а дека разговорите биле тешки и исцрпувачки, не по тонот на зборување меѓу Александар Вучиќ и Хашим тачи) туку по тоа што се добива, а што се губи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1