Нема Iphone за германските политичари – мора да ги фрлат – И Русите и Кинезите ја прислушувале Меркел


Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.

German Chancellor Merkel holds a BlackBerry Z10 smartphone featuring high security Secusite software at the booth of Secusmart during her opening tour at the CeBit computer fair in Hanover

Објект на прислушувањето бил еден од мобилните телефони на канцеларката, кој немал криптографска заштита, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван функционер на германските безбедносни служби.

По скандалот со прислушувањето, германските политичари ќе треба да ги сменат своите телефони iPhone со нови криптирани телефони, објави германското издание The Local .

Промената е итна и ќе ги обврзе високите политичари во Германија да ги прават своите разговори само со заштитени мобилни телефони .

Таа сепак ќе стапи во сила по формирање на владата меѓу социјалдемократите и христиандемократите .

mekrel iphone2Преговорите меѓу двете партии сеуште продолжуваат .

Заштитата ќе се обезбедува со посебен софтвер , но бидејќи тој не е компатибилен со уредите на Apple, тоа ќе значи дека и Ајфоните ќе исчезнат од елитата на германската политика .

Кон средината на октомври, сериозен скандал ги потресе односите меѓу САД и Германија . Тогаш стана јасно дека Американската Национална агенција за безбедност ја прислушувала германската канцеларка Ангела Меркел.

Германските медиуми дури сугерираат дека Меркел била прислушувана уште од 2002 година , три години пред да дојде на чело на најмоќната европска економија . Тогаш таа беше лидер на најголемата партија во опозиција .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1