Автобус полн со патници падна во канал во Србија – повредени 17 лица


Петнаесет патници, меѓу кои имало и две деца, повредени се во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 18 часот, каде автобус на „Ниш-експрес“ излетал на патот помеѓу Ваљево и Мионице, во селото Радобич, се превртел и после тоа завршил во канал длабок 6 метри.

avtobus-500-Возачот малку пребрзо влезе во кривината и излета од патот во каналот. Пред тоа се преврте автобусот два пати. После превртувањето автобусот продолжи да се лизга и удри во дрво. Една жена успеа да излезе преку скршеното стакло и да оди преку патот за да повика помош- изјави за српски Курир една патничка од Ниш. На повредените патници прв на помош им наишол Жарко Обрадович кој заедно со пожарникарите извлекувал луѓе од смачканиот автобус. Тој вели дека кривината на која се случила несреќата ја викале „ кривина на смртта“.

Среќа што по превртувањето сите патници останале на своите седишта, инаку ќе имало потешки последици.  Ова кривина е остра и возачите често се залетуваат, посебно оние кои не ја познаваат делницата. За последните три години ова е петти автобус кој се превртува, а за автомобилите нема ни број, изјавил за Курир Обрадовиќ.

Сите повредени патници се префрлени во болницата во Ваљево. На болничко лекување се задржани  две деца со полесни повреди, како и двајца возрасни потешко повредени, додека останатите повредени после укажаната лекарска помош се пуштени дома.  До несреќата дошло поради неприлагодената брзина на влажниот и лизгав коловоз.

-Возачот на „Ниш-експрес“ не бил под дејство на алкохол, но понатамошната истрага ќе покаже што всушност се случувало, изјавил Зоран Јевџениќ, началник на сообраќајната полиција во Ваљево. Инаку на возачот му е одреден притвор од 48 часа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1