Нема издавање соби на црно во Охрид


Охридските општински власти најавија засилени мерки за надминување на проблемот со дивите станоиздавачи и лицата кои во летниот период ги чекаат туристите и на непримерен начин нудат сместувачки услуги, пишува Вечер.

sobi ohridФормирани се екипи кои во соработка со полицијата и пазарната инспекција ќе спроведуваат засилени контроли низ градот, особено на локациите каде најмногу ги има станоиздавачите, во централното градско подрачје, на влезовите во градот како и на автобуската станица.

Истовремено ќе се спроведува и кампања за туристите, преку која тие ќе бидат информирани за нивните права, каде и на кој начин да бараат сместување, а се најавува и бесплатна телефонска линија на која туристите ќе можат да пријавуваат злоупотреби, поплаки, но и да нудат сугестии.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1