Нема концерт за роденденот на Тоше но ќе има програма во Крушево.


Андреј Николоски, претседател на Фондацијата „Тоше Проески“, изјави дека причините не се финансиски и дека ќе ги откријат во Крушево идниот петок, заедно со претставници на Министерството за култура, кое секоја година го поддржуваше организирањето на концертите во сеќавање на најголемата македонска музичка ѕвезда. И од Министерството одговорија дека се ќе биде познато на настанот во Крушево.  

tose 1Годишнината од раѓањето на Тоше на 25 јануари ќе биде одбележана со промоција на албум со најголемите негови хитови, меѓу кои е и една нова песна  „Све је премало за крај“, за која ќе биде промовиран и видеозапис. Тоше ја снимил песната во 2006-та, автор на музиката и текстот е Јелена  Трифуновиќ, а аранжманот е на Никша Братош.

Славен Ристевски, роднина на Тоше вклучен во активностите со кои се негува неговиот лик и дело, два месеца бил во Лондон за снимање три песни на Тоше – две што останале во студиото кај композиторот и продуцент Енди Рајт, а  една која била во неговото домашно студио.

– Треба да доснимиме уште две во Шведска и уште една-две можеби од неговото студио и ќе направиме албум. Не знам дали оваа или идната година. Многу зависи од луѓето што се таму, снимањето е многу скапо во Лондон, плус ги снимаме со оркестар. Во Шведска снимаме во студиото „Норд-Хансен“, таму исто снима групата „Скорпионс“ која му беше омилена на Тошка, рече Ристевски.

spek-toseОваа година се очекува и објавувањето на книгата за Тоше со наслов „Ова не е крај“ на која работи Соња Алексовска-Неделковска.

– Книгата нема да излезе за роденденот, туку подоцна. Се работи поаналитично, од технички причини не успеавме да ја направиме. Беше најавена, но не беше по секоја цена, никој временски не инсистираше, секој сака да биде како што треба. Книгата се вика „Ова не е крај“ и самиот наслов е метафоричен, изјави Алексовска-Неделковска.

Прес 24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1