Вработените во сите министерства, државни агенции, фондови, бироа и останати органи во државната управа, со заклучок на Владата на седницата на 22. минатиот месец, ќе спортуваат еднаш неделно, пишува Вест.
Владата донесе заклучок со кој ги задложува сите државни органи- министерства, државни агенции, фондови и бироа да обезбедат простор за спортување, како што се спортски терени или фитнес сала, кои еднаш неделно би можеле да ги користат вработените, заради спортување и тоа по нивна желба, изјави за весникот Вест, потпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
Ова ќе биде прв пат кај нас да се организира спортување за сите врботени во министерства, државни агенции, фондови.