Нема лек, САД во паника: Супер-бактерија отпорна на антибиотици однела 2 животи, заболени 179 лица


До 179 лица би можеле да бидат заразени со бактеријата која е отпорна на повеќето познати антибиотици.

Американската администрација за здравје, ја поврзува смртта на двајца пациенти со смртоносната бактерија CRE. Во универзитетската болница во Лос Анџелес веруваат дека повеќе од 200 лица дошле во контакт со оваа супер-бактерија.cre-bakterija-virus

Смртоносната бактерија е отпорна на повеќето антибиотици, а постои сомнение дека се заразени пациенти кои меѓу октомври и февруари биле подложени на ендоскопски процедури.

Засега се смета дека бактеријата била пренесена преку операциони инструменти, за кои во болниците тврдат дека биле стерилизирани според упатствата на произведувачите.

Оваа бактерија може да убие и до 50 проценти од заразените, пишува CNN.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1