Нема маси од кафичите на пешачката зона – Масите и столовите во Центар ќе се тргнат


Со затоплувањето на времето угостителите, освен на местата каде што имаат одобрение, поставија маси и столови низ целата улица, па просторот за пешаци од ден на ден стана потесен. Масите и столовите што газдите на кафулињата ги поставиле покрај лимената ограда на црквата „Свети Константин и Елена“, која е во изградба, ги оградија и клупите што се поставени по улицата, пишува Нова Македонија

kafici-terasi makedonijaКазните за поставување урбана опрема без одобрение или спротивно на одобрението се движат од 5.000 до 7.000 евра за правното лице и од 2.000 до 4.000 евра за одговорното лице во правниот субјект. Казните ги изрекуваат општинските инспектори. 

Од општината Центар велат дека по извршената инспекција, која била направена изминативе денови, ќе се постапи според законот, за да се доведат во ред работите.

Летното поставување на опремата трае од први април до крајот на октомври, за што угостителите треба да подготват посебен елаборат, во кој прецизно се исцртани терасата и поставеноста на масите. Но многу газди на кафулиња ги поставуваат масите и столовите со првото потопло време, а казни, пак, за недозволено поставување на урбаната опрема се изрекуваат многу ретко.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1