Црна Гора бара градежници од Македонија


Градежниците од Македонија и годинава ќе можат да работат во Црна Гора каде што овој вид кадар е дефицитарен.

gradeznici - rabota– Се реализираат крупни инвестиции на приморјето за кои ќе има потреба од ангажирање домашен и странски кадар – изјави денеска директорката на Заводот за вработување на Црна Гора Вукица Јелиќ по потпишувањето на Меморандум за соработка со македонската Агенција за вработување.

Покрај градежници, посочи Јелиќ, во Црна Гора се дефицитарни и виокообразовни кадри од повеќе струки.

Во Црна Гора, секоја година работат голем број сезонски работници, но мал број од нив се регистрирани во институциите. Лани  само 3.500 сезонски работници од Македонија биле регистрирани преку институциите, но имало и голем број кои работеле на црно.

Ваквата состојба треба да се надмине со потпишување на договор меѓу двете инстиуции

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1