Верувате во ова? Со закон ќе и забрани на НСА да собира информации


telefon spion

 

Владата на американскиот претседател, Барак Обама, изготви предлог-закон со кој на Агенцијата за национална безбедност (НСА) ќе и биде забрането масовно да собира информации за телефонските разговори на американските граѓани, пишува весникот Њујорк тајмс”.

Според информации на извори на весникот од американската администрација, функциите за собирање и чување податоци за контактите на Американците ќе бидат предадени на телекомуникациските компании.

Предлозите на Белата куќа предвидуваат дека НСА ќе може да добива само дел од тие податоци, и тоа доколку има специјално одобрение од суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1