Нема матурска забава за учениците од Кичево


Раководните структури на средното општинско училиште „Дрита“ во Кичево денеска донесоа официјална одлука да не се организира матурска вечер за матурантите. Оваа одлука доаѓа откако неодамна двајца ученици од училиштето ги загубија своите животи во сообраќајна несреќа.

Novata-fasada-na-kicevskataДиректорот  на гимназијата „Дрита“ од Кичево Неби Билаљи кој ја соопшти одлуката истакна оти таа била донесена откако претходно таква одлука донеле раководните структури од паралелките од чртврта година.

– Со ова тие, но и ние сакаме да се солидаризираме и да ја споделиме болката со роднините и пријателите на двајцата трагично загинати во собраќајна несреќа, бидеќи тие беа наши ученици имајќи предвид дека училиштето во село Житоше – Прилепско  функционира во состав на нашата гимназија, рече тој.

Учениците трагично ги загубија своите животи при неодамнешната сообраќајка која се случи на патот Прилеп-Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1