Свеста е нешто што ниту науката ниту филозофијата не можат да го дефинираат и потребно е човечко суштество за тоа да го доживее и искуси.
За таквото искуство потребно е некој да биде клинички мртов некое време за да може на светот да му раскаже што всушност видел и почувствувал, пишува Индипендент.
Еден маж ја раскажал својата приказна за тоа како изгледа смртта, откако умрел два пати на околу две минути, еднаш во мотоциклистичка несреќа, еднаш од предозирање со таблети против болки.
-Немам поим, тоа беше само една црна празнина. Без мисли, без свест, ништо. Двата пати едноставно „не бев таму“. Се беше црно. Би го опишал тоа како кратка дремка, ќе се разбудите и ви се чини дека долго сте спиеле, а всушност поминале 15 минути.
Ако не ми кажеа докторите дека сум бил мртов, ја би мислел дека сум спиел без сон.
-Дефинитивно не се работеше само за „дупка во сеќавањата“. Беше како спиење без соништа. Не се будите веднаш и не чувствувате дека времето поминало. Знаете дека сте спиеле некое време, а во исто време не можете да се сетите дека нешто сте искусиле, освен ако не сте спиеле. Да, искусив нешто, а тоа нешто беше – ништо, раскажал овој човек.
Какво е чувството?
-Првиот пат беше секунда пред несреќата и единствена работа во мојот ум беше ’О, не’. Вториот пат немав поим. Имав ужасни болки и одеднаш се` престана, немаше ништо, немаше живот. Потоа се разбудив и повторно чувствував болка, објаснува тој.
Дали различните причини за смрт предизвикуваат различни искуства?
-И двете искуства беа идентични. Единствена разлика беше што неколку секунди пред првата смрт на се` јасно се сеќавам. Вториот пат имав толку болки што не бев целосно свесен за својата околина.“
Тој вели дека сега дефинитивно помалку се плашам од смртта, оти знарже дека таа не е ништо полоша од спиење.
-Кога ќе умрете, само престанувате да постоите, ништо околу што би требало да се плашите, заклучува тој.