Нема нова вонредна состојба, течат роковите за избори на 5 јули


Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владеачката СДСМ и опизициската ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски завчера во вила Водно не постигнаа договор за датумот за изборите, продолжуваат да течат изборните дјствија за избори на 5 јули. Кампањата пак, ќе започне на 16 јуни.

Лидерот на СДСМ, во обид за изнаоѓање компромисно решение за изборите, вчера упати нов предлог до лидерот на опозицијата Мицкоски за избори на 8 јули. Доколку биде прифатен овој термин најави дека ќе побара од Владата да свика седница и да донесе предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата, во кои три дена ќе се даде правно разрешување на можноста, токму на 8 јули да одиме заедно на избори,

-Јас нема да робувам на 5 јули и како датум да се држам фиксно до него. Имајќи предвид дека и Мицкоски и јас повеќе пати спомнувавме дека поприфатливо е изборите да се одржат во среда како неработен ден, еве отстапувам од 5 јули и согласен сум изборите да бидат на 8 јули среда, а во понеделник и вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, граѓаните во самоизолација, граѓаните позитивни кои се во болници и дома, сите хронични болни, повозрасните луѓе, рече лидерот на СДСМ во Струмица, каде што присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило.на струмичката Општа болница..

Заев, при тоа уште еднаш потенцираше дека опозицијата треба да учествува на изборите, а сепак тие да бидат во разумен рок со цел есента да се дочека со активно собрание и со политичка влада со полн легитимитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, без конкретен одговор на понудата, го повторија ставот дека избори се можни, но инсистираат прво на заштита на здравјето на граѓаните, како и на квалитетен меѓународен мониторинг и прочистен избирачки список .

-Во однос на изборниот процес инсистираме за целосно почитување на Уставот и законите и меѓународните стандарди. Заев сака избори без набљудувачка мисија на ОБСЕ и да немаме прочистен избирачки список. Она што Заев го сака е избори каде ние ќе броиме корона-жртви, каде ќе немаме прочистен избирачки список, и без квалитетен меѓународен мониторинг. Тоа би значило изборна кражба, а не потврда на народната волја, рече на новинарско прашање на прес конференција Орце Ѓорѓиевски член на ИК на партијата

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1