Нема нови рестриктивни мерки, сегашниот полициски час останува на сила


Нема нови дополнителни мерки, останува полицискиот час од 22 часот до пет часот наутро, ова е заклучокот на комисијата за заразни болести.

Според надлежните резулатите од досегашниот полициски час треба да има во наредните четири до пет дена. Доколку во наредните денови бројките на заразени се зголемуваат можни се нови мерки, но не потенцираа какви мерки би имало. Според министерот голем е притисокот во болниците, но министерот со уверување до граѓаните места во болниците има.

На прес конференцијата по долга конференција и во добро здравје по прележаниот ковид присуствуваше и првиот човек на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. По реакацијата на медиумите дека првиот човек не дава изјави за актуелната состојба и работата на комисијата, Караџовски вети дека комуникацијата ќе се подобри.

Караџовски со совет оние кои се вакцинирале да ги почитуваат мерките и месец потоа, со цел да се стекне имунитет. Министерот посочи дека април ќе биде месецот кога се очекуваат поголем број на вакцини и ќе има помасовна вакцинација. Засега добиените 11 илјади дози се само за здравствените работници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1