Београѓаните Далибор и Миријана Стојадинов не можат со бебето да излезат од сплитското родилиште бидејќи српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗОМ) одбива да ги плати трошоците од 15.000 за итното породување и лекувањето потоа.
Имено Маријана непланирано се породила во Сплит кон крајот на мај, и тоа во седмиот месец од бременоста. Бебeто е сместено во инкубатор во Клиничко – болничкиот центар во Сплит каде престојува веќе два месеци.
Родителите и така веќе имале доволно проблеми кога од РФЗО следувал шок – првостепената комисија одлучила да одбие да ги плати трошоците за лекување.
-Семејството на Маријана живее во Книн и не повикаат итно да дојдеме зошто дедото беше во многу лоша состојба. Преда да тргнеме таа отиде на гинеколог и се беше во ред. Кога и пукна воденикот од Книн не испратија за Сплит, каде и направија царски рез.
Бебето е родено тешко само килограм и 200 грама и од тогаш е во инкубатор – вели таткото Далибор.
Шест дена по породувањето од 26 мај Маријана е отпуштена од болница, но бебето останало. До кога не се знае.
-Сметката од 15.000 нема како да ја платиме. Во Сплит ни рекоа дека ќе ја плати Фондот, зошто со нив имаат таков договор, а не сме ниту прв ваков случај – вели Далибор.
Во сплитската болница велат дека семејството Стојадинови мора да имаат гарантно писмо дека сметката ќе биде платена, но и негирале дека бебето го задржале како залог додека се платат трошоците за породување и лекување.
Од српскиот Фонд не дале образложение зошто е одбиено плаќањето на сметката.