Пополнет е целиот капацитет на Инфективната клиника, нема повеќе слободни места за пациенти заразени со Ковид-19. Тоа значи дека со работа почнува модуларната болница, за која министерот за здравство најави дека е подготвена да прима пациенти.
Од вчера модуларната болница во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје почна да прима пациенти откако во Инфективната клиника која е во непосредна близина беа исполнети целосно капацитетите.
„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјави министерот за здравство Венко Филипче за „360 степени“.
Порталот пишува дека на помош се дојдени доктори и сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Филипче порачал дека нема потреба од паника, здравствениот систем е подготвен да се справи со состојбата, но треба да се почитуваат мерките и препораките.