– Земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, случен на длабочина од околу пет километри со Рихтерова локална магнитуда од 3,9 степени, почуствуван е во Скопје и околината со интензитет од 6 до 7 степени според Европската макросеизмична скала, изјави после утринскиот земјотрес доктор Вера Чејковска од сеизмолошката обсерваторија.
Од таму додаваат дека според информациите со кои се располага, ваквите земјотреси со јачина од околу 4 степени според Рихтер се случуваат на 10 до 15 години.
– Во текот на минатиот век се имаат случено околу 10 до 15. Истите, како што беше и случајот утринава, можат да бидат придружени со помали потреси. По неколку минути утрово се случи помал потрес од 2, 8 степени според Рихтер, велат од oбсерваторијата.