Нема пушење ни во паркови, на плажи и во дворови – Америка со поригорозен закон


Борбата против пушењето во САД започна да се шири и на отворен простор, па натписите „забрането пушење„ се појавија во градските паркови, на јавни плажи, во дворовите на студентските бродови и други отворени простори.

GERMANY-TRANSPORT-TRAIN-HEALTH-SMOKING

Бројот на забрани за пушење на отворен простор речиси се дуплираше во изминатите пет години и сега пушењето е забрането на близу 2.600  јавни места

Повод за овој нов ригорозен закон во Америка се резултатите од стотина истражувања покажале дека постои врска меѓу вдишувањето на никотинскиот дим во затворени простории и здравствени проблеми како срцеви заболувања. Поради тоа е воведена забрана за пушење, на основа на која сега е забрането да се запали цигара во речиси половина барови, ресторани и на работните места. Во истражувањата јасно е востановено дека дури и краткотрајно изложување на дим од цигари може да доведе до згрутчување на крвта и дека може да ја зголеми шансата за запушување на крвните садови.

Сепак експертите сметаат дека проширувањето на забраната и на отворени места е претерана – зошто нема доволно медицински докази дека димот од цигарите на отворено може да нанесе штета на здравјето на децата и возрасните во околина на пушачите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1