И денес ќе има повремени врнежи од дожд, во повисоките места од дожд и снег, на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.
Во вторник врнежите ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интезитет, поради што на планините ќе има натамошно зголемување на снежната покривка
Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.