Нема веќе евтини коли: Се кратат роковите за увоз на стари автомобили


Во текот на месец јули и август Владата и институциите правеа проценка на остварување на целите на мерката за увоз на возила. Беше увидено и заклучено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во однос на оној кој беше присутен пред воведување на мерката. Заради овие причини, и заради поентата за понатамошно преземање на мерки за дополнително унапредување на животната средина, Владата одлучи да се скратат роковите за можност за увоз на автомобили кои беа важечки претходно, а со кои се овозможуваше увоз на половни автомобили со стандард на моторите ЕУРО 2 и ЕУРО 3, соопшти владиниот портпарол Александар Георгиев.

avtomobil-500”Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31 декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид на автомобили кои се веќе започнати.

Динамиката налага пак возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот да може се увезуваат најдоцна до 30 јуни 2015 година, а од 1 јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.

Целта е на овој начин и со оваа динамика постепено, но и во побрз рок, да дојде до повторна обнова на возниот парк на едно повисоко ниво, како што тоа се случи кога во минатото со претходните одлуки се изврши трансформација и замена на возилата кои беа без стандард, или со ЕУРО 0 или ЕУРО 1 стандард на моторите, со понови возила со ЕУРО 2 И ЕУРО 3 стандард на моторите„, вели Георгиев.

„Ваква мерка за повластен увоз важеше во неколку наврати и за автобусите и минибусите и таа исто како и кај автомобилите, имаше позитивни ефекти:

-процентот на автобуси без ЕУРО стандард паднал од околу 45% на околу 15%,

-процентот на автобуси со ЕУРО 0 стандард паднал на 5,5%,

-процентот на автобуси со ЕУРО 1 стандард е 6,5%,

-процентот на автобуси со ЕУРО 2 стандард пораснал од претходните околу 20% на сегашни околу 55%, односно пораснал од 77 на 274 возила,

-процентот на автобуси со ЕУРО 3 стандард е 13%, односно бројот на возила пораснал за околу 20,

-процентот на автобуси со ЕУРО 4 стандард е 3%, и

-процентот на автобуси ЕУРО 5 стандард е 1%.

На последната седница Владата зазема политички став дека е потребно да се овозможи увоз на автобуси и минибуси кои имаат стандард ЕУРО 3, во рок на траење не подолг од една година од денот на носење на нормативната измена. Поентата на ваквиот став е да се овозможи реобнова на возниот парк како со претходните мерки, кога автобусите и минибусите без ЕУРО стандард, или со стандард ЕУРО 0 се заменуваа со автобуси и минибуси со стандард ЕУРО 2, сега со евентуалните нови измени кои се многу веројатни автобусите и минибусите кои сега имаат стандард ЕУРО 1 и ЕУРО 2 да се заменуваат со автобуси и минибуси со ЕУРО 3 стандард. Во периодот од следниве десетина дена Министерот за економија ќе направи финална консултација со засегнатите странки и со институциите, како и финална проценка за измена на правилникот кој ја уредува оваа дејност, со која евентуална измена која е доста извесна, би се предвиделе модалитетите, начините на овозможениот увоз, како и конкретниот рок на траење на ваквата можност”, посочи Георгиев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1