Нема веќе евтини коли – Увоз на половни возила само со Евро 4


Од 1 јули в година во Македонија ќе можат да се увезуваат само возила со мотор Евростандард 4. Се кратат роковите за внесување половни автомобили од странство, реши Владата. Наместо претходно поставениот рок до февруари 2016 година, автомобили со стандард на моторот Евро 2 ќе можат да се увезуваат до крајот на годинава, а автомобили со мотор Евростандард 3 до средината на идната година.

dvekolivlada– Владата и институциите во јули и август правеа процена на остварувањето на целите на мерката за повластен увоз на автомобили од странство, при што беше увидено и заклучено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во споредба со тој што беше присутен пред нејзиното воведување – изјави Александар Ѓеорѓиев, портпарол на Владата.

Според него, старите автомобили, кои се употребуваа во минатото, како што беа „југо“, „застава 101“, „фиќо“, „фиат 1300“ во голем обем се заменија со возила „опел“, „бмв“, „мерцедес“, „алфа ромео“ и други помодерни автомобили.

– Овие возила имаат поеколошки мотори отколку старите возила што се користеа пред мерките и на тој начин придонесуваат за унапредување на животната средина – изјави Ѓеорѓиев.

Ваква мерка за повластен увоз важеше во неколку наврати и за автобусите и минибусите и таа исто како кај автомобилите, имаше позитивни ефекти. На последната седница Владата зазеде политички став дека е потребно да се овозможи увоз на автобуси и минибуси што имаат стандард Евро 3, во рок на траење не подолг од една година од денот на носење на нормативната измена. Поентата на ваквиот став е да се овозможи реобнова на возниот парк како со претходните мерки.

Од Владата објаснуваат дека со досегашните мерки, возниот парк е обновен, социјалниот момент е задоволен, прастарите автомобили се тргнати од патиштата. Новите правила треба да ја зголемат безбедноста и да придонесат за заштитата на животната средина.

Во периодот од следниве десетина дена Министерот за економија ќе направи финална консултација со засегнатите странки и со институциите, како и финална процена за измена на правилникот што ја уредува оваа дејност, со што би се предвиделе начините на овозможениот увоз, како и конкретниот рок на траење на ваквата можност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1