Неколку европски универзитети работат на детектор за лаги на социјалните мрежи кој треба да ја утврди вистинитоста на гласините на Интернет, соопшти Универзитетот во Шефилд
Проектот „Фама“ (Пхеме) има за цел Интернет гласините да ги класифицира во четири типови – шпекулации, контроверзии, лажни информации кои случајно се прошириле преку Интернет и лажни информации што намерно се шират.
Системот исто така автоматски ќе го категоризира изворот со процена на неговата веродостојност со наведување дали станува збор за медиум, новинар, очевидец.
На проектот соработуваат пет универзитети – Шефилд, Ворвик, Кингс колеџ во Лондон, Сарланд во Германија и Модул во Виена, како и четири компании – Атос во Шпанија, и Хуб во Кенија, Онтоџет во Бугарија и швајцарската Свисинфо.