Нема веќе влечење по 2,3 полначи – Европа воведува универзален полнач за сите телефони


Во Европската унија за три години треба да се воведе задолжително универзален полнач за мобилни телефони, ова доаѓа откако Европскиот парламент минатата недела го одобри овој потфат.

092023chargeiphonefasterОваа регулатива е дизајнирана за да се создадат соодветни услови за корисниците, но , исто така, и да се спречи создавањето на 51.000 тони на електронски отпад годишно , пренесува порталот ЕурАктив .

“Новите правила ќе ни овозможат да се користи еден полнач за мобилни телефони и слични уреди. Ова е многу добра вест за сите граѓани и животната средина “, рече заменик- претседателот на Европската комисија Антонио Тајани .

Нацрт-директивата за создавање хармонизирани правила за ослободувањето на радио опрема на пазарот според веб-сајтот на Европскиот парламент , им дава на земјите-членки две години да донесат нова легислатива во своето законодавство , како и дополнителна една година за производителите да се усогласат со новите прописи. Универзален полнач освен за мобилен телефон треба да имаат и други радио уреди, но Европската комисија ќе утврди дополнително точно за кои уреди ќе се однесува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1