Нема веќе возење пијан во Европа – ставаат на автомобилите сензори за алкохол


Европската комисија денеска промовираше реформа во борбата против зголемениот број на смртни случаи од сообраќајни несреќи, воведувајќи блокатори за мотор на автомобилите на лица што претходно биле регистрирани како управуваат во алкохолизирана состојба.

Со овие блокатори, моторот на возилото нема да може да се покрене ако се забележува алкохол во крвта на оној што седнал зад управувачот.kola palenje mk

Заедно со брзото возење, брзото преминување низ светлосните сообраќајни знаци и некористење на појасите, возењето во пијана состојба е еден од четирите “големи убијци” што предизвикува 75 отсто од смртните случаи на патиштата. Токму затоа, со цел засилување на борбата против возењето во пијана состојба, Европската комисија денеска воведе нов систем за да се олесни примената на уред што ќе ја блокира работата на автомобилите доколку возачот има алкохол во крвта во земјите-членки на Европската унија.

Овие уреди-блокатори, според објаснувањето од неформалната Влада на ЕУ ќе можат да го спречат моторот на автомобилот да започне со работа, освен ако лицето зад управувачот нема алкохол во крвта. Па, така, со ова ново правило, во неколку земји-членки на ЕУ, оние што биле „фатени“ како возат во пијана состојба и се заведени како прекршители ќе можат и во иднина да го задржат правото да управуваат автомобил, но само да користат возила опремени со алкохол-блокатори.

Во моментов, во Унијата се применуваат различни национални правила во однос на казните за возење во алкохолизирана состојба, па нема унифициран закон за казни во овој дел на ниво на сите земји-членки. Денешната иницијатива на Еврокомисијата е важен чекор за правилата за “алкохолни-блокатори” за истите да станат униформирано правило на ниво на ЕУ. Ова е клучен придонес за понатамошно подобрување на безбедноста на патиштата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1