Нема веќе: Врати се по упат – еден упат ќе важи цела година


Матичниот лекар за хроничните пациенти ќе издава упат еднаш годишно со што треба да се намали и притисокот кај овие лекари, а пациентите веќе нема да одат кај нивниот матичен лекар за ретроградно издавање упат за итни случаи. Ова е предвидено со новите измените во услугата „Мој термин“, за кои денеска информира Министерството за здравство.

lekar44Упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам ќе биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво.

По ново, контролните прегледи ќе ги закажува специјалист или субспецијалист кај кого се врши прегледот, односно упатот кој е издаден од матичниот лекар при првиот преглед ќе продолжи да важи до завршувањето на лекувањето, но најмногу една година. Ова најчесто ќе се користи кај пациентите со хронични заболувања со што автоматски и при првата посета кај специјалист или субспецијалист за нив ќе се обезбеди термин за контрола.

Министерството за здравство за шест месеци издало 270.000 упати за веќе завршени прегледи за кои е побарано од пациентите да одат кај матичните лекари да го заверат.

Бројот на зафатени термини за јануари изнесува 337.562, во декември биле реализирани 324.041, а во ноември 336.223. За февруари се креирани 389.113 слободни термини, за разлика од јануари кога биле креирани 398.754, а во декември 412.312 прегледи. Опаѓањето велат се должи на земањето годишни одмори на дел од докторите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1