Полициските вештаци и криминалистички техничари по завршениот увид во станот на 30-годишната ракометарка на „Вардар“, стружанката Робертина Мечевска не откриле траги на насилство. Велат дека целата состојба во станот не укажувала ниту најмалку дека некој сакал да и наштети. Немало ни траги на насилно влегување, пишува Плус Инфо.
Се друго е во „игра“ велат од полицијата, кои за сите наоди предмалку го известиле и Јавното обвинителство кое ја води истрагата. Засега се знае дека во непознати околности Мечевска паднала од петтиот кат од зграда во скопската анселба Острово каде што живеела.
Последната вест од лекарскиот конзилиум на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е дека е критична нејзината здравствена состојба. Од вчера до денеска лекарите имаат извршено оперативен зафат во кој тешката повреда на слезината е санирана. Има тешки и опасни повреди на рбетот и ребрата. Низа набиеници на коски и расекотини. Дали ќе има потреба од дополнителни операции ќе биде утврдено од новите лекарски наоди.
Мечевска порано играше во РК „Металург“, а пред скоро ги засили редовите на конкуренцијата РК „Вардар“.
Plus Info