Немало обид за убиство врз Саздовски, кој се бори за живот, туку само насилство


Дваесетгодишниот Никола Саздовски од скопската населба Кисела Вода, кој беше претепан и избоден со нож од страна на, барем за јавноста непознати лица, се наоѓа на КАРИЛ во животно загрозувачка состојба.

Иако противправниот напад се случил пред четири дена, сомнежи во јавноста предизвикува фактот да настанот не се најде на ниту еден од дневните билтени на МВР за последните четири дена.

Двајца од тројцата напаѓачи се лишени од слобода, и од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје им е одреден триесетдневен притвор. По третиот напаѓач МВР се уште трага, кој се даде во бегство после инцидентот.

Основното јавно обвинителство Скопје го води настанот како насилство во квалификуван (потежок) облик казниво по член 386 став 6, кое дело има предвидена казна затвор од три до десет години, а не како убиство во обид казниво по член 123 во врска со член 19, за кое дело е предвидена казна затвор од пет до дваесет години.

Неофицијално причина за нападот е нетрпеливост помеѓу нападнатиот и напаѓачите кои припаѓаат на две навивачки групи, со различен етнички карактер.

Младиот Саздовски е член на навивачката група Комити.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1