Втор пат го изгласаа договорот за името, опозицијата бојкотираше, на потег е Иванов


Собранието со 69 гласа „за“ и еден воздржан ја прегласа ратификацијата на Договорот со Грција за промена на уставното име откако Иванов одби да го потпише указот за негово стапување во сила. За ратификацијата гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските албански партии, овој пат вклучително и Мендух Тачи. Дебатата во Собранието траеше околу 20тина минути со само двајца говорници, потписникот на договорот , министерот Никола Димитров и пратеникот Ферид Мухиќ.

– Сите заедно мора да бидеме сплотени на државните и на татковинските интереси. Не може Европскиот совет од крајно компликувани услови во Европската Унија да најде засходно во заклучоците сега од 28 и 29 јуни состанокот во Брисел еден цел параграф да посвети и да каже Европа е горда на договорот на Македонија со Грција, на договорот за пријателство со Бугарија а ние одиме кон тоа, целиме кон Европската Унија и НАТО а да бидеме против овој процес. Дајте луѓе да пораснеме, сериозни времиња се, не гледаат и нашите деца и нашите дедовци и нашите баби, изјави Никола Димитров

Мухиќ пак, коментираше дека договорот е спротивен на меѓународното право и на правото на самоопределување.

– Националното достоинство не може да биде предмет на никаков компромис. Ова е цитат од Ангела Меркел. Националното достоинство не може да биде предмет на никаков компромис и јас мислам дека ако тоа важи за германскиот народ важи и за секој народ па би рекол секако и за македонскиот. Јас лично почитувајќи ја високо демократичноста на коалицијата чии член имам чест да бидам нема да гласам против но мојата совест ме обврзува да бидам воздржан, изјави Ферид Мухиќ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираше седницата како и при првото гласање за Договорот.

– ВМРО – ДПМНЕ и нашата пратеничка група одлучија да не присуствуваат на денешната седница каде се носи незаконски и неуставен договор кој преставува деградирање на македонските граѓани и е во спротивност со највисоките државни и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник и се противи на акт со кој се предвидува промена на Уставот со цел промена на уставното име. Акт со кој се определува бришење на зборот Македонија, се задира во суштината на идентитетот и се врши трајно осакатување на државотворните белези на државата и идентитетот на македонскиот народ. Ова не е нешто за што може да се слави. Капитулациите секаде во светот е срамен чин, изјави Игор Јанушев

Џафери веднаш по гласањето ја потпишал ратификацијата и ја испратил кај Иванов на потпишување. Шефот на државата веќе неколку пати повтори дека нема намера да го потпише указот бидејки спогодбата ја смета за противуставна и спротивна на националните интереси. Иванов рече дека нема да потклекне на притисоци и закани.

Премиерот Зоран Заев, по прегласувањето го повика Иванов да се предомисли за највеното „џебно вето“.

Талат Џафери веќе најави дека ратификацијата, како ио законот з ајазици, ќе ги испрати во Службен весник дури и без потписот на Иванов.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1