Немаме храна и се загубивме – Скопјани залутале на Бистра – полицијата ги барала


Две лица побарале помош од полицијата откако не можеле да се вратат по прошетката до врвот Меденица на планината Бистра. Тие по телефон за помош се обратиле во полициското одделение Ростуше.

babuna - planina

 

Според првичните информации се работи за лица од Скопје на возраст од 35 и 29 години.

Во телефонскиот разговор со полициските службеници тие кажале дека се истоштени и дека немаат храна и не се опремени.

Од СВР Тетово информираат дека се прават напори лицата да бидат лоцирани и безбедно згрижени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1